Во Берово започна реализацијата на проектот за уредување на речното корито на Брегалница, во вкупен износ од 20 милиони денари. Дел од средствата ќе бидат искористени за уредување на кејот со коплетна урбана опрема за пешачка и велосипедска патека, а паралелно ќе се работи и на уредување на речното корито.
Средствата за реализација на проектот се обезбедени од повеќе извори, односно шест милиони денари се од Министерството за локална самоуправа, од програмата за рамномерен регионален развој на и осум милиони денари од општина Берово, а другите се од ИПА програмата за прекугранична соработна на Европската Унија и 15 отсто кофинансирање од буџетот на министерството.
Проектот го најавија министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, и градоначалникот на Берово, Звонко Пеќевски.