По повод празникот 4 Ноември, денот на ослободувањето на Битола, денеска градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, ја посетија делегации на борците и Здружението на пензионерите.

Борците на Битола евоцираа спомени за ослободувањето на градот, на 4 Номеври, кога борците на Седмата народноослободителна бригада влегоа во Битола и на жртвите кои ги дадоа борците за ослободување на градот.

Инаку денеска по повод празникот, бројни делегации, предводени од градоначалничката Наташа Петровска положија букети свежи цвеќиња пред споменикот на НОВ и Револуцијата, на плоштадот Гоце Делчев, споменикот на народниот херој Стив Наумов и Партизанските гробишта.

М.М.