Наташа Гулабоска – Ѓорѓиева од Битола ја понесе титулата „Вешта жена на Македонија“ за 2018 година на одржаната манифестација во тетовски Лешок. Нејзината маса насловена како „Барок“ ги освои симпатиите и на публиката и на жири-комисијата.
– Првпат учествувам на државната манифестација. Подготвив маса со главно јадење и се останато во барок стил – рече победничката.
Второто место на републичката „Вешта жена“ го освои Елизабета Ташкова од Скопје, со маса насловена „Едукација и знаење“, додека трета беше Катерина Николовска од
Прилеп. Победничка во оваа категорија беше Петра Атанасовска од Скопје.
– Нашиот град овие денови се покажа како одличен домаќин на повеќе манифестации од различен карактер – изјави раководителот на Секторот за јавни дејности, Ахмет Ќазими, како претставник на матичната општина на оваа манифестација Тетово.
– Од година в година изборот на вешта жена добива размери на професионален натпревар затоа што натпреварувачките се повеќе го креваат критериумот со својата умешност, креативност и мајсторство. Веќе 27 години храната, музиката и дружбата ги
собираат вештите жени од цела Македонија на едно место – изјави Снежана Стојановска од Здружението „Вешта жена“.
На годинешното 27-мо по ред издание на републичката манифестација „Вешта жена“ своите кулинарски вештини ги одмерија 16 победнички на општинските натпревари во
Македонија, но и од Швајцарија и Србија.
А.С.