Битолските пензионери бараат во урабните заедници во Битола да се отворат поголем број пензионерски клубови.
Ваквото барање пензионерите ѝ го презентираа на градоначалничката на Битола, Наташа Петровска на денешната средба, која по сите здравствени протоколи се одржа во работните простории на Здружението на пензионери од Битола.
Претседателот Здружението на пензионери Томе Димитровски, посочи дел од проблемите со кои се соочуваат пензионерите, притоа изложувајќи дел од барањата во кои можат да добијат поддршка од општина Битола. Тој во име на пензионерите ја истакна заложбата за поголем број пензионерски клубови, кои би се отвориле во одредени урбани заедници. Исто така, беа посочени и одредени натамошни активности во насока на подобрување на социјалниот живот на пензионерите, како и акциите во коишто учествува Здружението на пензионери со своја помош, истакнувајќи ја и компонентата на општествената одговорност.
Градоначалничката Наташа Петровска посочи дека општина Битола постојано ги поддржува активностите на Здружението на пензионери, особено нивните општествено одговорни акции и помош до категориите на граѓани и нституции, на кои таа секогаш им е добредојдена.

На средбата беа договорени конкретни натамошни чекори за реализација на заеднички проекти.
М.М.