Во Битола почна да се реализира проектот на ЈП „Комуналец“ за поставување на подземни контејнери за собирање на ѓубре и смет од домовите и колективните станбени објекти.
Првите подземни контејнери на ЈП „Комуналец“ деновиве беа поставени на улицата „Васко Карангелевски“
Со поставувањето на подземните контејнери на улицата „Васко Карангелевски“ во иднина ѓубрето и сметот на оваа улица во Битола, селектирано ќе се собира во подземните контејнери, со што ќе се избегне не само расфрлање на ѓуберто, туку и ќе се избегне мирисот кој особено во летните месеци се чувствуваше во близина на контејнерите.
Од ЈП „Комуналец” велат дека во првата фаза ќе бидат поставени 5 подземни контејнери на ул. „Васко Карангелевски“, а во наредниот период такви контејнери се планира да се постават и на други улици во градот, пред се во централното градско подрачје.
М.М.