Наскоро Битола ќе добие нов мост на реката Драгор.
Новиот мост ќе биде изграден на влезот од Охрид, кај местото викано Довлеџик, најави градоначалничката Наташа Петровска.
За изработка на проектот, за изградба на новиот мост Општина Битола ќе користи средства од ТАВ Македонија.
Договорот за изработка на проектот денеска и беше доделен на градоначалничката Наташа Петровска на свеченоста која се одржа во Клубот на органите на државната управа во Скопје.
– Успешна визија – изработивме како локална самоуправа проектна документација за изградба на мост на реката Драгор на влезот кај Довлеџик во должина од 30m, ширина 21m, 4 коловозни ленти, 2 пешачки и 2 велосипедски, посебно осветлување. Обезбедивме ревизија. Инвестицијата изнесува 50. 150. 000 денари – изјави градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.
Со изградбата на новиот мост конечно ќе се реши големиот проблем кој се јавуваше со постојниот мост на реката Драгор, кај местото викано Довлеџик.
М.М.