„Битола во срцето” е симболиката што ја испрака новото спомен-обележје поставено во Градскиот парк, кај Саат кулата.
Ова обележје, дополнително ја зголемува културно – историската вредност на оваа локација, збогатувајќи ја и нејзината туристичка атракција.
Буквите, кои во вечерните часови се осветлени, не оставаат рамнодушен ниту еден битолчанец, затоа што нивната визуелна впечатливост, всушност со себе носи силна порака на придонесот за градот кој го давал и дава секој жител на оваа општина.
Промоцијата на новото спомен обележје беше со врачување на наградите на најдобрите ученици од основните и средните училишта на Битола.


Покрај дипломите, учениците добија и парични награди од по 5.000 денари.
Награди добија учениците Леонид Сајков, Искра Нечаковска, Лука Талев, Евгенија Дивитарова и Ана Полизовска.
М.М.