Подружницата на ЕВН од Гевгелија најави дека утре продолжува со инвестициските зафати за подобрување на електро мрежата поради што ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Екипите на ЕВН утре ќе работат на терен во подножјето и на планината Кожуф поради што без струја ќе бидат потпланинските села Кованец, Серменин, Ума и Конско, излетничкото место Смрдлива вода како и Ски центарот „Кожуф“.
Снабдувањето со струја во споменативе места ќе биде прекинато од 9 до 15 часот.