И покрај загадениот воздух и грипот што е присутен во овој дел од годината, сепак тоа не беше причина бројот на отсуствата на првиот училишен ден од второто полугодие, во кичевските училишта да биде минимален, а тоа ни го потврдија и директорите на училиштата и вработените од општината задолжени за образование.

-Можеме да бидеме наполно задоволни што со минимални отсуства започна второто полугодие во сите основни и средни училишта во нашата општина. Нашите стравувања беа неоправдани и според одзивот на учениците и информациите кои денес ги добивме од директорите, речиси сите ученици се вратија во училишните клупи и тоа е најдобра потврда дека барем засега, сезонскиот грип и вирозите ги заобиколија нашите училишта. Сите училишта се снабдени со доволни количества на гориво и наставата може да се одвива без проблеми- истакна Сание Садику, одговорна за образованието во Општина Кичево.

Инаку во Општина Кичево бројот на ученици е околу 5500.

З.А.