Отсекот за здраствена екологија од Кичево, ги известува жителите од повеќе селски населби и градот, дека бактериолошки е неисправна водата на повеќе чешми и водоводи и истата не смее да се користи за пиење и готвење, се до добивање на мостри кои ќе ја потврдат нејзината исправност.
-Од Отсекот за народно здравје известија дека во нашиот регион бактериолошки е неисправна водата на следните чешми и водоводи: крајпатната чешма од системот Студенчица, на разделната градба кај село Другово, градската чешма во населба Бела Кула, селскиот водовод во село Србјани, крајпатна чешма во Бигор Доленци и селскиот водовод во истото село. Поради овие причини, водата од горе наведените чешми и водоводи не смее да се користи за пиење и готвење се до добивање на исправни мостри –информираа од РЦУ Кичево.
Инаку последните 2 години водата од повеќе чешми и водоводи во овој регион , во повеќе наврати беше неисправна за пиење.
З.А.