По втор пат за многу краток период, Отсекот за хигиена и здравствена екологија од Кичево, информира за бактериолошки неисправна вода за пиење во повеќе селски населби во зајашкиот регион.

Жителите од овој регион се предупредуваат дека поради бактериолошката неисправност, водата од овие водоводи да не ја користат за пиење и готвење, до следните проверки, кои ќе ја потврдат нејзината исправност.

– По извршените проверки на водата од повеќе селски водоводи, констатирано е дека водата од селските водоводи во селата Зајас, Колибари чешма сред село и селски водовод, Долно и Горно Строгомиште, Букојчани, Мидинци, Бачишта, Лешница и Грешница, горно и долно маало, бактериолошки е неисправна за пиење. Се замолува месното население до добивање на исправни мостри, да не ја користи водата за пиење и готвење – гласи информацијата од овој остсек.

Инаку пред само неколку дена информиравме дека водата за пиење е неисправна за пиење во повеќе села од југоисточниот дел од општината.

З.А.