Во рудникот „Суводол“, по неколкудневни макотрпни и натчовечки ангажирања на стручните служби во справувањето со последиците од поплавите кои се случија на 5 и 6 авуст, конечно е оспособен за работа багерот КУ 300.

– Најголемиот багер во рудникот КУ 300 е оспособен за работа и веќе ги испорачува првите количини на јаглен од рудникот „Суводол“. Очекуваме багерот КУ 300 комплетно да биде оспособен за работа со сите свои функции во наредните три до четири дена – изјави за „Нова Македонија“ првиот човек на РЕК „Битола“, Златко Ќурчиевски, кој го поздрави ангажирањето на сите вработени во санирањето на последиците од поплавите, кога паднаа од 630 до 650 милиони литри вода и кои предизвикаа големи штети во рудникот „Суводол“.

Претходно во функција по поплавите беа вратени багерите 323 и 630/1 со претоварниот уред, со што се обезбеди континуираното снабдување со јаглен на термоелектраната.

М.М.