КАВАДАРЦИ
Оперативата на градежната фирма „Градба промет“ неодамна започна со асфалтирање на улицата Блажо Алексов во Кавадарци.
– Асфалтирањето се врши во два слоја, на површина од 3.900 квадратни метри. Претходно, во согласност со истиот проект беа поплочени и тротоарите на истата улица, со површина од 2.150 квадратни метри – информираат општинарите.
Финансиската вредност на овој проект е девет милиони денари.