фото: Зоран Антоски

Долгогодишната желба на жителите на село Букојчани, Кичевско, да добијат асфалтен пат од селото до селската црква, конечно се реализира. Се работи за пат во должина од 650 метри, а за завршување на овој пат беа вградени 2400 метри квадратни асфалт.

Греадежните работи ги изведе градежната компанија „Сењак“ од Кичево, додека финансиските средства за заокружување на овој проект се обезбедени од општина Кичево и од други извори.

– Конечно се реализира долгогодишната желба на селаните од Букојчани, асфалтен пат да биде изграден од сретссело до селската црква „Свети Никола“, во должина од 650 метри. Изминатите години и децении често го тампониравме патот за да може до таму да се стаса и со автомобил и кога ќе заврнеше посилен дожд или имаше невреме, за час тампонот ќе беше однесен од коловозот и ќе се создадеа многу нерамнини и дупки. Затоа сме презадоволни што овој пат е асфалтиран и независно од временската ситуација, тој ќе биде во добра кондиција. Голем проблем имавме при погреби поради нерамниот коловоз, што повеќе нема да се случи. Овој пат ќе помогне поранешни жители да се вратат во селотом а на младите да им се олесни животот – вели Алексо Тришски, претседател на месната заедница.
З.А.