фото: Димитар Петковски

Во битолското село Егри во моментот дури 400 тони бостан чека за откуп.
Производителите на љубеници, кои највеќе успеваат во ова битолско село, не знаат што да прават со љубениците. Тракторите се преполни со бостан и веќе немаат каде да ги складираат.
До пред извесно време откупот одел добро и трговците биле заинтересирани за откуп, бидејќи го извезувеле бостанот, меѓутоа сега и нив ги нема, зашто, како што велат жителите од Егрим лубениците стасале и во соседните земји, па затоа опаднал интересот.
Тоа што најмногу ги плаши земјоделците од Егри е што на нивите има уште најмалку 400 тони бостан и тие се плашат дека најголемиот дел од него ќе остане на нивите.
Затоа мештаните од Егри апелираат за помош од државата и откуп на бостанот.
М.М.