За разлика од многуте акумулации во земјава, кои поради долготрајната суша останаа речиси без вода и, беше забележан најнизок водостој во последните неколку децении, Осломејското Езеро благодарение на добрата штедрост на неколкуте подземни извори, воопшто не ја почувствува сушата и езерското ниво се задржа во изминатиов период.

– Можеме да бидеме повеќе од задоволни поради тоа што Осломејското Езеро и во време на екстремна суша не го намалува својот водостој и за разлика од многуте езерски акумулации кај кои нивото се спушти на незапамтено ниско ниво, ова езеро ни за сантиметар не го промени својот водостој. Стабилниот водостој се должи пред се на добрата и стабилна штедрост на подземните извори кои го напојуваат и кои во текот на целата година се стабилни, без поголеми падови во периодите на лоша хидролошка година. Овие предуслови,поточно стабилниот водостој, чистите езерски води и богатата флора во езерото, придонесуваат истото да биде богато со риба и во периоди кога не се врши порибување. Очекуваме стабилниот водостој на езерото, да биде присутен и во наредните години и децении и со планираните инвестиции, кои се најавени, ова езеро да се претвори во туристичко – риболовен рај – посочи Бесмир Елези, претседател на риболовното друштво „Хантер Фиш“ од Кичево.
З.А.