Познатиот битолски рекративен риболовец, Ненад Хомолиќ има причини да се
радува. Тој во текот на вчерашниот ден на Стрежевското Eзеро, улови сом тежок 25
килограми.
Успехот на Хомолиќ му го честитаа не само неговите колеги риболовци, туку и раководството на Стрежевското Езеро, кое неодамна со порибувањето на езерото и со изградбата на пристапните патишта и новиот летниковец, во голема мера ги подобри
условите за рекреативен риболов на ова езеро, кое како главна дејност ја има
обезбедување вода за наводнување на над 20.000 хектари земјоделски површини,
снабдување на Водовод со вода, индустријата и РЕК „Битола“. М.М.