Членовите на неколку синдикати, меѓу кои и на Синдикатот за образование, наука и култура денеска мирно протестираа на плоштадот во Куманово. Бараат Владата преку ресорните министерства да ги исполни барањата од Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), а во спротивно, веднаш по изборите е предвидено да се случи генерален штрајк во јавниот сектор – детската заштита, образованието, науката, културата, судството, јавните претпријатија.

Станува збор за барањата на синдикалците поврзани со зголемување на платите, како и со поголемата вклученост при изработувањето закони.

Освен ова, планирано да има уште еден масовен протестен собир во Скопје по претседателските избори, а ако и тогаш институциите немаат слух за нивните барања, ќе има генерален штрајк во јавниот сектор, односно нема да работат установите од дејноста образование, култура, детска заштита, наука, судство, јавни претпријатија.

А.П.