Пред само неколку минути Битола ја зафати силно невреме, проследено со врнежи од пороен дожд и град.
Невремето, кое сè уште трае, предизвика големи поплави по битолските улици.
Тоа што најмногу ги загрижува битолчани во моментов е што цело време додека врнеше силен дожд падна и град, кој ќе предизвика доста големи штети по земјоделските култури. М.М.