Сашо Коруновски, актуелниот ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски”-Битола, и во наредните 4 години ќе биде на чело на битолскиот универзитет.
На денешните непосредни и тајни избори, членовите на наставно-научните, научните и наставничките совети на факултетите на Универзитетот му доверија нов мандат на Коруновски. Коруновски на изборите успеа да го победи неговиот противкандидат, професорот Тале Герамитчиоски.
Старо-новиот ректор Сашо Коруновски дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје, а магистрирал и докторирал историја на уметност и археологија на Универизтетот „Св Кирил и Методиј” во Скопје.
Тој бил професор и декан на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, а предавал и на Архитектонскиот и на Филозофскиот факултет во Скопје.
М.М.