Во работна посета на Битола денеска престојуваше амбасадорот на Руската федерација во земјава, Сергеј Баздникин.
За време на средбата со градоначалничката Наташа Петровска, рускиот амбасадор Безникин ја потенцираше досегашната успешна соработка на општината Битола и Руската амбасада.
Тој изрази голема благодарност за соработката со општината Битола при реализацијата на значајни датуми од руската историја кои се одбележуваат во градот.
На средбата се разговараше за потенцијалите и можностите за продлабочување на културната и економска соработка на двата збратимени градови од Руската федерација, Пушкин – Санкт Петербург и Нижни Новгород со Битола.
М.М.