Времето денеска променливо облaчно и нестабилно, околу пладне и попладне на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град, особено во источните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 26 степени.
Утре и в понеделник времето ќе биде стабилно и суво. Од вторник до четврток ќе има услови за краткотраен локален дожд, а температурите ќе бидат во благо опаѓање.