Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, ги потпишал налозите за исплата на средствата за субвенционирање на инвертор клими и велосипеди, во согласност со јавниот повик што беше објавен, а со цел заштита на животната средина.
– На подрачјето на Општина Прилеп за купување клима уред-инвертори, поднесени беа 335 барања, од кои одобрени се 307. Додека, за субвенционирање на набавка на велосипеди, пристигнаа 315 барања, од кои одобрени беа 305. Причина за неприфаќање на 28 апликации за клими и 10 за велосипеди, е неисполнување на критериумите и условите од јавниот повик и Правилникот за субвенционирање на дел од трошоците за набавка на клима уреди и велосипеди. Со издвоените четири ипол милиони денари од буџетот на општината, директно придонесовме за заштеда на средства од семејниот буџет на 612 семејства од нашата општина – вели градоначалникот Јованоски.
Покрај финансиските придобивки за граѓаните, со издвоените буџетски средства, велат од општината, се придонесува за поткревање на јавната еколошка свест и совест, како и за заштита на животната средина во општината
Ка.М.