Прилепските стопанственици од Регионалната стопанска комора денеска имаа средба со градоначалникот Борче Јовчески, на која присуствуваше лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Ова е прва средба со бизнис-секторот на новиот градоначалник Борче Јовчески, кој со неговиот тим ги сослушна нивните потреби.
– Се уверивме во тековните проблеми со кои се соочуват секојдневно во доменот на нивното делување. Перспективата Локалната самоуправа ја гледа во соработка, а исто така и во развој на локалната соработка којашто би била во иднина голем прогрес како во остварување на нови работни места така и на нови инвестиции, се во интерес на грѓаните на општина Прилеп – истакна градоначалникот Јовчески.
Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, посочи дека секој граѓанин треба да го добие она што му следува. Според него е потребен развој на Прилеп, а тоа ќе се постигне со работа и почитување на законот.
На средбата беше потенцирано дека поттикнувањето на локалниот економски развој и градењето на партнерски однос со бизнис заедницата се едни од главните приоритети на локалната власт.
Ка.М.