Изутринава бил почувствуван земјотрес во околината на Пехчево со јачина од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Како што информира Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, телеметриската сеизмолошка мрежа, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, во 3.51 часот регистрин е земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 13 километри северозапазно од Пехчево.
-Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.3, а беше почувствуван од населението во Пехчево, Берово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала- соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.