Обилните врнежи од снег, кои неколку дена интензивно паѓаат во Битола во голема мера ги израдуваа скијачите.
Денеска сите патишта од Битола водеа кон ски-центрите на „Копанки“ и „Нижеполе“. Ски-центарот „Копанки“ за сите љубители на скијањето денеска промотивно дозволи бесплатно скијање, а поради големиот интерес и поволните временски услови ски-центарот „Нижеполе“ од вечерва од 18 до 21 часот ќе организра ноќно скијање.
Организаторите на скијањето од скијачите бараа да се почитуваат здравствеите протоколи.
М.М.