Во Битола денска се поставени 22 нови специјализирани контејнери за одложување на стаклена амбалажа.
Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и директорот на Јавното претпријатие „Комуналец“ Панде Богоевски, потпишаа договор за примопредавање на
новите контејнери со претставник од Германското друштво за интернационална соработка преку Отворен Регионален Фонд за Југоисточна Европа – Модернизација на општински услуги (ГИЗ ОРФ ММС).
Овој проект во Македонија се реализира со поддршка на ЗЕЛС, на ПАКОМАК и на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ).
– Соодветниот третман на отпад е исклучително значаен, а со тоа соодветно и на
стаклениот отпад. Од денес во Битола се поставени уште 22 контејнери за стакло, со што нивниот број во градот е 80. Ваквиот начин на третман на отпадот претставува заштеда и на енергијата, бидејќи многу поголема заштеда има доколку стаклото се рециклира, отколку да се произведува од почеток. На овој начин се овозможува да не се фрлаат насекаде стаклените амбалажи. Она што го очекувам е подигната свест кај граѓаните, бидејќи сите ние соодветно треба да го третираме отпадот во соодветните контејнери за стаклена амбалажа, а со тоа даваме добар пример и на помладата популација. Тие треба да ги менуваат трендовите и културата на живеење, онака како што се случува во другите метрополи ширум светот, со запазување на сите вредности – рече Петровска. М.М.