Како контра реакција на Парадата на гордоста што се одржа вчера во Скопје, попладнево во Битола се одржа Парада за поддршка на традицоналните семејни вредности.
На Парадата која битолчани ја организираа преку социјалните мрежи се собраа неколку стотини битолчани кои тргнаа да маршираат од кај Саат кулата, а потоа се движеа низ Широк сокак до Градскиот парк.
Учесниците на Парадата рекоа дека ова е парада со која тие сакаат да ја пратат пораката за почитување на традиционалните семејни вредности.
На парадата заедно маршираа мајки и татковци со своите деца, а во неа имаше и свештени лица.
Парадата за почитување на трајните семејни вредности помина во мирна и достоинствена атмосфера.
М.М.