КАРПОШ

На територија на општината Карпош, во вториот, стариот дел на градскиот парк е пуштен во употреба вториот памптрек во Скопје.
Станува збор за јавен простор што може да го користат сите љубители на велосипедизмот. Исто така, во овој дел е засадена и нова тревна површина, а поставени се и клупи за седење, со што се добива нова зона за рекреација на граѓаните.
Претходно овој простор беше девастиран и неуреден. Со облагородувањето, градскиот парк станува уште поатрактивен за граѓаните.
Оваа зона е направена од Град Скопје и донаторот Стопанска банка АД Скопје, а со поддршка и на Општина Карпош.