Невладините ЧЕЛИМ и Ромскиот ресурсен центар, во соработка со општина Виница, го имплементираат проектот „Обезбедување пристојни услови за домување за ромската заедница во општина Виница – СДХ“, финансиран од ЕУ.
Со оглед на актуелната ситуација и тешкотиите причинети од пандемијата на ковид-19, менаџментот на проектот, поддржан од Канцеларијата на ЕУ, утре, почнувајќи од 11 часот, ќе им подели пакети со храна и хигиенски средства на 100 загрозени ромски семејства во населбата Блок 18 во општина Виница, се вели во соопштението.