Денеска градоначалничката на Битола, Наташа Петровска оствари средба со брачната двојка Милица Шперовиќ Рибарски и Кирил Рибарски, основачи и директори на фестивалот на класична музика „Интерфест“.
Брачната двојка Рибарски искажаа голема благодарност до градоначалничката за реконструкцијата на Офицерскиот дом, симболот и сонот на голем број битолчани, кои овде ги имаа своите блескави мемории на незаборавни одржани манифестации и концерти, присетувајќи се на прекрасната акустика и амбиент.
Градоначалничката Петровска истакна дека и во иднина оваа концертна сала ќе биде препознатлив белег за градот, во која врвни имиња од класичната музика ќе можат за концертираат и да се воодушевуваат на објектот- симбол на градот Битола.
На средбата беа дадени иницијативи за адаптација и понатамошно искористување на Офицерскиот дом и во функција на фестивалот „Интерфест“.
Со завршената реконструкција на Офицерскиот дом, повторно се враќа стариот сјај на објектот – симбол за културното живеење во градот под Пелистер. Локалната самоуправа веќе дејствува во насока на подготовка на функционалноста на објектот, а во тек е партерното уредување кое ќе овозможи соодветен пристап, беше истакнато на средбата.
М.М.