Во Битола втор пат се одржаа протести против вакцинацијата, рестрикциите и ограничувањата. Протестот се одржа под мотото за слобода и слободен избор без притисоци и закани, преку, како што изјавија на протестот, фашизоидните и дискриминирачките мерки.
Учесниците велат дека на протестите, кои планираат да ги одржуваат секоја недела во 19 часот од плоштадот „Магнолија“, нема да има говорници, затоа што „молкот ќе каже сѐ“.
– Бидејќи властите ќе бараат кои се организатори на собирите, за да можат да го заплашуваат и одвраќаат поединецот од понатамошни собири, им ставаме до знаење дека организатор на сите собири е токму незадоволниот народ – стои во соопштението кое е фотографирано на синоќешниот протест.
Демонстранстите побараа повлекување, на како што велат, сите неуставни рестрикции и забрани кои ги кршат човековите права уредени со декларацијата за човекови права и слободи. М.М.