Пред највеселата ноќ во годината, во ОУ „Кузман Јосифоски-Питу“ во Кичево, беше организиран новогодишен хепенинг, на кој по крајно прифатливи цени беа понудени изработки, кои беа производ на работилницата на која учествуваа и родителите и наставниците. Насобраните средства со кои ќе располага Советот на родители, ќе послужат за набавка на училишни помагала кои ќе придонесат за подобрување на наставата во ова училиште.
– Во нашето училиште организиравме традиционален новогодишен хепенинг, на кој на посетителите им беа понудени изработки на учениците создадени на работилниците, во координација со нивните родители. Изработките беа направени од постоечките ресурси како хартија, шишиња и друго, а цената на изработките беше многу прифатлива за сите посетители. Средствата собрани од продажбата на овие изработки, ќе бидат наменети за набавка на плазма-телевизори кои ќе помогнат за подобрување на настават во нашето училиште. Мора да ја истакнам и ликовниот педагог Валентина Лескароска-Грѓан, која даде полн придонес во новогодишното украсување на влезот во училиштето како и училишниот хол – истакна директорката на ОУ „К.Ј.Питу“ Анета Божиноска. З.А.