Над 300 битолчани аплицирале за добивање субвенции за купување на велосипед. Поради големиот интерес за добивање субвенции, повеќе од јасно е дека парите кои ги издвои општина Битола за таа намена, во износ од еден милион денари, нема да бидат доволни за да можат најголемиот број од нив да добијат субвенции, кои изнесуваат најмногу до 5.000 денари за купување на велосипед.
Поради големиот интерес од Општината размислуваат да објават уште еден јавен повик за издвојување на уште милион денари за купување велосипеди.
Ваквиот голем интерес за купување и субвенционирање велосипеди е најдобра потврда дека во Битола битолчани се враќаат кон велосипедите како превозно средство и дека општината Битола мора да направи напори да ги изгради велосипедските патеки. М.М.