ГЕВГЕЛИЈА

Градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков, присуствуваше на свечената пригода во училиштето „Јосиф Јосифовски“ по повод доделувањето на дипломите на 150 матуранти. На оваа пригода, организирана од директорот Тони Аврамов, Поцков ѝ го врачи решението за парична награда во висина од 10.000 денари од Општина Гевгелија на Елена Брзилова, годинешниот избраник за првенец на генерација во учебната 2020/2021 година.
На почетокот од свечената пригода, директорот Аврамов ги поздрави професорите, класните раководители и учениците матуранти со краток говор.
Со денешниот ден и вие потрошивте една форма од животот, но вашата не се претвори во прав, вие знаевте дека треба да ја промените. Вашата форма е еден период од животот што ќе остави длабоки траги во вашите сеќавања. Не е важно како ќе се сеќавате на нас, затоа што ние бевме ваши патокази во животот, важно е да не заборавите дека вашата генерација е единствено ваша и секој поминат миг во училишните клупи беше продуциран со креативност и лудории што само за вас ќе бидат својствени. За мене, вашата генерација ќе остане синоним за истрајност и верност на училиштето. Никоја претходна генерација го немала вашето искуство, никоја претходно не се соочила со предизвикот на пандемијата, затоа јавно ви заблагодарувам за упатената сериозност во справувањето со неа и проблемите што ни ги наметна – рече тој.