Поради малата штедрост на изворот на Студенчица, од каде што со вода за пиење се снабдуваат над 160.000 жители, а вода во овој систем користи и ТЕЦ „Осломеј“, не е возможен рестарт на електраната, поточно поради недостаток на вода од изворот, што ни беше потврдено и од страна на вработените во овој хидросистем.
– Проблемот кој го создаде доготрајната суша се рефлектира и врз штеддроста на изворот Студенчица, од каде со вода за пиење се снабдуваат седум општини од југозападниот дел на земјава, како и ТЕЦ „Осломеј“. Моментната штедрост на изворот која изнесува 550 литри, е недоволна за ТЕЦ „Осломеј“ за да влезе во производство. Ако се има предвид минимумот на штедрост за да користи и Осломеј, треба да изнесува 700 литри вода во секунда, а ние во моментов сме далеку од ова количество. Инаку, моментно од постоечките количества за Кичево се упатуваат 180 литри, Прилеп добива 120 литри и мора да ги користи бунарите, кон Осломеј се упатуваат 70 литри, а само за електраната се неопходни 100 литри, додека 40 литри се испуштаат во реката. Останатите количества ги користат преостанатите општини Пласница, Македонски Брод, Долнени и Крушево – вели Гоце Наќески од ЈПВ „Студенчица“. З.А.