Пожар кој вчера во попладневните часови избувна во реонот на село Лешница, кичевско и со кој беше зафатена дабова шума е локализиран, а за да не дојде до негово реактивирање и натамошно ширење, на терен се присутни вработените од специјалната екипа за пожари на ШС „Лопушник“, кои ќе останат крај опожарената површина сѐ додека постои опасност за нејзино реактивирање.
-Пожарот кој вчера во попладневните часови избувна крај село Лешница е локализиран. Со овој пожар беше зафатена дабова шума со површина од околу три хектари. Во моментов крај опожарената површина дежураат дванаесет лица од специјалната единица за пожари на ШС „Лопушник“, кои вршат мониторинг, за да не дојде до реактивирање на огнената стихија. Над селото Туин во планинскиот појас на Туинска планина, гори сува трева и ситно стеблеста и деградирана шума. Поради непристапноста на теренот, невозможно е да се стаса до опжарената површина и на истата може да се делува само од воздух. На овој локалитет во сушниот период редовно се појавуваат пожари.мПричина за двата пожари, според досегашните искуства, е човечки фактор а штетите направени од пожарот кај Лешница допрва ќе се утврдуваат. Инаку последните десетина дена зачестија пожарите во нашиот регион – истакнаа од РЦУК Кичево.
З.А.