Со цел да се согледаат сите потреби, приоритети и идеи на граѓаните на општина Битола, градоначалникот Тони Коњановски, како редовна пракса во своето работење воведува отворен ден за граѓаните, што е во насока и на реализација на активностите предвидени со неговата програма. Првиот отворен ден, ќе се одржи в петок од 13 часот.
Предвидено е отворените денови да бидат застапени четири пати годишно и во нив градоначалникот и надлежните служби од локалната самоуправа ќе имаат директни средби со граѓаните. М.М.