Напоредно со реализацијата на проектот за реконструкција на атмосферската канализација на плоштадот во Кавадарци интензивно се работи на уште еден инфраструктурен проект од комуналната изградба и тоа на дел од улицата „8 Септември“.

Се работи на нова линија со паралелни цевководи за фекална и атмосферска канализација на потегот од влезот во ВВ „Тиквеш“ до влезот на стопанскиот двор на „Градба промет“ во должина од 200 метри.

Според проектот се поставуваат пластични цевки со профил Ф-500м за фекалната и Ф-400мм за атмосферската канализација. Значајно е да се напомене дека истовремено ќе се постави и нова водоводна линија. Новата подземна инфраструктура на улицата „8 Септември“ ќе биде во функција на жителите од населбата Урбан блок „Бел камен“.

Ми.М.