Претходните два дена на воениот полигон Криволак, беа уништени минско-експлозивните и убојни средства, пронајдени во земјава во текот на целата 2017 година и првиот квартал од оваа година. Уништени беа вкупно 670 убојни и минско-експлозивни средства од различен калибар и од различна старост и потекло.

На оваа операција беа присутни и првите луѓе од Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија.

– Во изминатите два дена на воениот полигон Криволак, беа уништени 670 парчиња убојни и минско-експлозивни средства пронајдени во земјава во изминатите 15 месеци. Уништените убојни средства беа по потекло од Балканските војни, Првата и Втората светска војна, а имаше и убојни средства од поранешната ЈНА. Во уништувањето учествуваа пиротехничари од седумте региони на колку е поделена земјава, а целокупната операција се изведе под надзор на комисија од Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија – истакна Драгољуб Попоски, еден од седумте пиротехничари што беа вклучени во оваа операција од ПО на ДЗС Кичево.

Најмногу убојни средства во изминатиот период се пронајдени во гевгелискиот регион, во останатите региони бројката е во рамнките на претходниот период.

З.А.