Зголемено е нивото на Дојранското Езеро, на Вардар кај Железен мост Скопје, Велес и кај Демир Капија, и на Пчиња кај Катлановска бања, во однос на просекот за февруари, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи.
Двојно понисок е водостојот на Треска кај Македонски Брод, а споредено со февруарскиот просек намалено е и нивото на Вардар кај Јегуновце, Крива Река кај Крива Паланка, Црна Река кај Новаци и Црн Дрим кај Ложани.
Во рамки на просекот се водостоите на Преспанското и на Охридското Езеро и на Брегалница кај Штип