За разлика од вчерашниот ден, кога требаше и официјално да започне новата учебна година и кога поради штрајкот во дел училишта, истата не започна, денес во сите училишта во општината стартуваше новата учебна година.
Сите вработени и учениците во планираниот термин беа во училиштата, што беше потврдено и од одговорните за образование во општината.
-Како што и се очекуваше денес, во сите училишта во нашата општина започна новата учебна година. Сите наставници и професори во времето за почеток на часовите беа на своите работни места, како и сите ученици од основното и средното образование. Остсуствата беа минимални, што е и вообочиено за секој почеток на нова учебна година – истакна Сание Садику, одговорна за образование во општина Кичево.
Инаку, во општина Кичево во основните и средните училишта наставата ја следат околу 5.000 ученици.
З.А.