Куманово
Општинскиот штаб за заштита и спасување во Општина Куманово на состанок го договараше и координираше преземањето на активностите и мерките со пожарите на територијата на Општина Куманово и од ширење на болеста ковид-19, односно на коронавирусот. На состанокот што се одржа во текот на вчерашниот ден беа преземени и одредени заклучоци за справување со пожарите и превентивно дејствување против нови опожарувања.
Општинскиот штаб за заштита и спасување од Куманово, врз основа на моменталната состојба во Општина Куманово, ги предлага следниве заклучоци, односно му предлага на градоначалникот да се набават 20 пожарникарски ранци што ќе се користат за справување со пожарите и да се упати апел до граѓаните да ги почитуваат забраните за движење во шума од 6 до 20 часот, а доколку има потреба, граѓаните треба да извадат дозвола во ЈП „Македонски шуми“ – информираат од Општина Куманово.