Најстар жител во општината Чешиново-Облешево е дедо Цане од селото Бурилчево. Дедо Цане во саботата, на 8 февруари, наполни 101 година. По тој роденденски повод, го посети градоначалникот Горанчо Крстев, кој со подароци и искрени желби му го честита роденденот и му посака да го служи добро здравје и да поживее уште долго.
– Задоволство беше да слушнеме како дедо Цане раскажува за неговиот животен пат, кој несебично сподели многу совети и искуства и им посака на сите да доживеат како неговата старост – информираат од општината Чешиново-Облешево.