Битола врие од кучиња скитници, кои во последно време ги има во сите делови на градот, а најповеќе на Широк Сокак и Камен мост. Иако многумина сметаат дека тие не се опасни, сепак викендов две жени во Нова Битола беа искасани од едно
исто куче-скитник.
– Само што излегов од влезот на зградата и тргнав кон супермаркетот кучето ми се нафрли и ме касна на едната нога. Веднаш отидов во болницата каде ми ставија инјекција. Тоа е окучено и спие под скалите на влезот. Како што јас се исплашив од него можеби и тоа поочуствува страв од мене и ми се нафрли – ни вели жртвата од еднотото куче скитник во Нова Битола.
Претходно, од истото куче настрадала и друга жена од друга зграда која се наоѓа во негова близина.
Инаку, во Битола во последно време има голем број кучиња скитници. Локалната самоуправа досега ветуваше дека кучињата скитници ќе бидат згрижени, а уште не е реализиран ниту најавуваниот проект со една невладина организација од САД за изградба на центар за згрижување на кучиња скитници. М.М.