Во иднина непрописно паркираните возила во Битола наместо пајак-сужбата на ЈП „Комуналец“, како што беше досега, ќе ги подига новото јавно претпријатие „Градски
паркинзи”.
За да ја обавува оваа нова дејност, на последната седница на Советот беше донесена одлука со која пајакот, кој досега го користеше ЈП „Комуналец“, без надомест ќе биде отстапен на „Градски паркинзи“.
Со носењето на ваквата одлука во иднина ЈП „Комуналец“ нема да се занимава со извршување на пајак-службата и да ги подига непрописно паркираните возила.
Такавата „улога“ Советот им ја препушти на „Градски паркинзи”.
Инаку, ЈП „Паркинзи” – Битола ги утврди и цените за подигнување и пренесување на непрописно паркираните возила и возила кои го попречуваат безбедното одвивање на
сообракајот. Согласно одлуката сега за подигнување на непрописно паркирано возило и пренос на возило во депо на пајак-службата ќе изнесува 1.600 денари, подигањето на возило од зелена површина и пренос до депото ќе чини 2.000 денари, а почнување постапка на подигнување на непрописно паркирано возило кога сопственикот се појавува на местото каде возилото е паркирано ќе се наплака по 1.000 денари. Чувањето на возилото во депото на службата ќе се наплаќа 200 денари по ден, односно по 500 денари дневно за подигнати камион, автобус или комбе наменето за превоз на патници. М.М.