Во сабота 20 aприл 2019 година во раните утрински часови ќе се изврши терестичка ларвицидна дезинсекција – запрашување против комарци на улиците и околината на Кавадарци.
Ова акција се извршува во согласност со програмата за дезинсекција на Oпштина Кавадарци, а ќе биде извршена со специјални машини со примена на препаротот „БИОПРЕН 4 ГР“.
Со пролетната акција за запрашување против комарци ќе бидат опфатени шест булевари и тоа: „Македонија“, „Никола Минчев“, „Моша Пијаде“, „Западен булевар“, „Цветан Димов“, „Видое Смилевски“ како и трите кружни текови. Исто така ќе бидат опфатени уште 15 улици кои се главните сообраќајници во градското подрачје како и локалитетите: Брана Моклиште, Градски парк, и Парк на реболуцијата.
Пролетното третирање против комарци ќе биде донација од кавадаречката фирма „ЛИСА-КОМ која и ќе ја изврши акцијата.