Голем број битолчани кои денеска возеа велосипеди низ градот побараа од кандидатите за градоначалник изградба на велодром во Битола.
– Пораката е недвосмислена: Битола вело град во еден мандат – проект кој треба да се реазлизира. Инфраструктура која е далеку поодржлива, поекономична за разлика од инфраструктурата за автомобили која за жал, во Битола има ексклузивитет. Сакаме во иднина да се реализираат проекти кои ќе донесат поздрава животна средина и почист воздух. Град во кој жители ќе бидат луѓето, а не автомобилите, тоа подразбира дека тротоарите треба да бидат на пешаците – рече Драган Вељанов од „Земи здив“.
Тој посочи дека политичарите треба со личен пример да ја јакнат јавната свест за користење на еколошки и економични транспортни средства. И на претходни вакви настани одредени политички фигури се појавувале, но работите потоа не се промениле.
– Ова е 61. критична маса, ние сме тука долги години, а актерите се менуваат пред и после извори, но сепак важно ни е да се упати јавна порака што очекуваме од идната гарнитура, а сето тоа во интерес на граѓаните – рече Вељанов.
Меѓу битолчаните кои возеа велосипеди беа и неколкумина од кандидатите за градоначалници на Битола, и тоа Христо Кондовски од СДСМ и коалицијата, Тони Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, и Горан Таскоски од „Македонска ера трета“.
М.М.