Во битолската Клиничка болница се е подготвено за снимањето на играниот филм „Сирена во Париз” на сестрите Лабина и Теона Митевски, во кој главните улоги ќе ги играат шпанската актерка Роси де Палма и французинот Ерик Кантона.

Влезот на болницата е целосно изменет, а на француски јазик е испишано и името на Болицата „Хоспитал Саинт Андре“.

Според информации на „Нова Македонија“ почетокот на снимањето на филмот ќе биде утре, кога ќе падне првата клапа. Најголемиот дел од сцените на филмот во Битола ќе се снимаат во Клиничката болница, која е веќе претворена во филмско студио, изјави деновиве Теона Стругар Митевска.

– Долго време разгледувавме локации за снимањето на овој филм, но на режисерот најмногу му се допадна битолската Клиничка болница, каде и ќе се снима филмот – посочи Митевска, според која филмот „Сирена во Париз” е бајка и љубовна приказна.

Филмот „Сирена во Париз” е француско-белгиско-македонска копродукција. Инаку деновиве во пресрет на снимањето на филмот во малата сала на Центарот за култура беше извршен кастинг на статисти, кои ќе играат во филмот.

М.М.