Општината Битола планира во наредниот период да формира јавна устанавa за култура.

Ваква точка е ставена на дневниот ред на седницата на Советот која треба да се одржи четврток, 21 мај.

Јавната установа за култура ќе се занимава со одржување на киното „Манаки“ и „Офицерскиот дом“, објекти кои наскоро треба да бидат (до)изградени како и осмислување на културните настани и активности кои би се одржувале во овие две културни институции.

М.М.